Иванов бара почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ и прием во НАТО

Неодложен почеток на пристапните преговори за членство во Европката унија и прием во НАТО побара денеска македонскиот претседател Ѓорге Иванов на средбите со неговиот словенечки колега Борут Пахор и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, објави МИА.

На средбите што ги оствари во рамки на учеството на „Самит 100“ што се одржува во Порторож, претседателот Иванов ги информраше претседателите на Хрватска и Словенија за актуелната политичко безбедносна ситуација во Македонија, оценувајќи дека политичката криза и бојкотот на институциите трае предолго, јави известувачот на МИА.

Притоа, Иванов ја нагласи потребата и очекувањето политичките лидери преку политички дијалог најитно што може да дојдат до решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и евроатланската интеграција на земјата.

Најзначајно е, истакна претседателот Иванов, нормализирање на политичкиот дијалог и сите предизвици во рамки на инситуциите согласно Уставот и законите.

Од друга страна деблокадата на евроинтегративните и евроатланските процеси на Македонија кои во голема мера имаат влијание на актуелните состојби може само позитивно да се одрази во целиот регион, нагласи Иванов и изрази очекување дека Словенија и Хрватска, како и земјите од Брдо Бриони процесот ќе дадат силна поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори на Македонија и прием на земјата во НАТО согласно пресудата на Меѓународниот суд на правдата и Времената спогодба.

Соговорниците истакнаа дека позицијата на Словенија и на Хрватска во однос на Македонија е јасна и константна, изразена како бесусловна контнитуирана и приципиелна поддршка за ЕУ и НАТО итегративните процеси со нагласена подготвеност за пренесување на своето искуство на овој план.

На средбата беше реафирмиран и заедничкиот интерес за понатамошно унапредување на економската соработка, за зголемување на трговската размена и привекување на словенечки и храватски инвестиции во Македонија, како и разгледување за заеднички настап на трети пазари.

Воедно беше разговарано и за претстониот самит на Брдо Бриони процесот во Црна Гора, како и за состојбите во регионот на ЈИЕ.

Попладне се очекува да започне панел дискусија на претседателите од регионот насловена како „Нов договор за нова ера“ на која ќе се обрати и претседателот Иванов. Покрај него и домаќинот, словенечкиот претседател Борут Пахор, на Самитот присутни се и претседателите на Хрватска, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и министерот за економија на Србија, Жељко Сертиќ.

ivanovvv

 

 

ФОТО: МИА