Иванов: Бев со претседатели, премиери и државници, уште повеќе бев со својот народ

Имав многу средби со претседатели на други држави, со премиери, но уште повеќе имав средби со граѓаните на Македонија. Мојот кабинет секој пат беше отворен за секој граѓанин што сакаше да дојде лично да ми пренесе порака, истакна во својот говор претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорге Иванов на митингот во Битола.

„Затоа, за пет години поминаа низ мојот кабинет повеќе од 5.000 граѓани.Затоа отворив и народна канцеларија во Битола, преку која постојано бев во контакт со Битола и со Пелагонија. И премиерот и неговите министри се луѓе кои се постојано со граѓаните. Така се работи!  Така се постигнуваат успеси. Бидејќи со контактите што ги имаме, со граѓаните, ги знаеме нивните потреби, знаеме каде се проблемите и како да се решаваат проблемите.  Нема град и село каде што не биле и премиерот, и министрите и пратениците. Дали е амбуланта, аптека, пат, водовод, спортска сала, училиште…Тоа е она за што разговараат секој ден и министрите и пратениците, и јас како претседател, и премиерот“, рече Иванов.