Иванов: Безбедносна соработка и интеграција на регионот за поголема сигурност

За пораките упатени на самитот во Загреб за што побрза интергација на земјите од Југоисточна Европа во ЕУ и НАТО, Иванов рече дека на претседателот на Советот на Европа Доналд Туск, кој веќе беше во Македонија, му укажале што не е сторено од неговиот претходник.

Најголема е одговорноста на Европскиот совет бидејќи таму се блокирани евроинтеграциите во случајот на Македонија. Сите земји од регионот напредуваат, а Македонија поради отвореното прашање што го има со Грција стои во место. Затоа и на средбата што ја имавме во Скопје и сега укажавме доколку ние ги завршиме нашите обврски и ако се заврши како што е планирано со постигнатиот политички договор за време на кризата и ако изборите поминат во најдобар ред, тогаш е неопходно да се промени статус-кво состојбата со македонските интеграции и конечно Македонија да го добие тоа што и припаѓа, потенцира Иванов.