Иванов за Богојавление во Кичево

За големиот верски празник Богојавление (Водици), претседателот Ѓорѓе Иванов ќе престојува во Кичево.

Претседателот на државата ќе присуствува на свечената литургија во храмот„ Св .Петар и Павле” а потоа заедно со литијата ќе присуствува на полагањето на крстот во базенот кај Правниот факултет.

Свечената молитва во црковниот храм ќе се одржи во 8 часот, додека во 11 часот ќе биде полагањето на крстот во водите на базенот, откако водосвет ќе одржат свештениците од кичевско архиерејско намесништво.