Иванов во Брисел на средба со Тимерманс и Столтенберг

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел.

Денеска, како што информираат од неговиот кабинет, претседателот Иванов ќе оствари средба со првиот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс.

Утре претседателот Иванов ќе оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, г. Јенс Столтенберг.

Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со неговите соговорници во Брисел ќе биде интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, како и актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза.