ТОП,Македонија

Иванов: Бројот на бегалците се зголемува, финансиската помош од ЕУ сеуште не е пристигната

Иванов: Бројот на бегалците се зголемува, финансиската помош од ЕУ сеуште не е пристигната
Иванов: Бројот на бегалците се зголемува, финансиската помош од ЕУ сеуште не е пристигната

Справувањето со мигрантската криза за Македонија претставува голем напор и оптоварување на сите наши буџетски средства. Сепак, покажавме дека можеме да се справиме со овој предизвик, иако сите ресурси се до максимум искористени, порача претседателот Ѓорге Иванов, по денешната посета на прифатниот центар во Гевгелија, каде се згрижуваат мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија.

Претседателот Иванов констатираше дека Македонија се соочува со нова реалност и, според информациите на терен, наместо да се намалува, бројот на бегалците се зголемува. Се случувало и прилив од 1.000 бегалци за само еден час, а дневно да транзитираат и до 10.000 лица.

– Оваа балканска рута – коридорот 10 се покажа дека е најбрзиот пат за бегалците и се повеќе се користи токму оваа рута и тоа се гледа во вакви услови – напливот на бегалци се зголемува. Како држава покажавме дека можеме да се справиме со овој предизвик иако сите средства речиси се искористени до максимум. Неопходна ни е помош и материјална и финансиска, меѓутоа има потреба