Иванов: Бројот на бегалците се зголемува, финансиската помош од ЕУ сеуште не е пристигната

синхронизација и соработка меѓу институциите, додавајќи притоа дека е неприфатливо што некои држави се раководат само од сопствените интереси.

– Очекуваме многу поголема координација, соработка на службите, особено вклучување на Македонија и Србија во информациите кои се од безбедносен карактер, бидејќи не станува збор само за бегалци, туку постојат предизвици за кои мора да се разменуваат информации кои се чувствителни, порача претседателот Иванов, истакнувајќи дека ова прашање не може бирократски да се решава, туку е потребно секојдневно менаџирање.

Секој ден мора да се има удел од сите организации, и меѓународните и нашите и европските институции, за да можат овие луѓе кои ги снашла ваква судбина, со кои навистина сочувствуваме, полесно да го поминат овој коридор, и до дестинациите до кои се упатиле, да стигнат без сите трауми кои што досега ги проживеале, додаде претседателот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.