Иванов: Да не се злоупотребуваат протестите за политички поени

Едни исти лица сакаат да освојат политички поени и да ја искористат вознемиреноста кај населението. Им порачувам дека во оваа држава има институции кои што делуваат и се справуваат со сите предизвици кои постојат. Деновиве јас бев често меѓу граѓаните, особено во западниот дел на Македонија, сакав да имам личен контакт, ја почуствував нивната вознемиреност и реагирав директно преку разговори и упатувања на сето она што се случува. Не смееме да создаваме кај населението страв и недоверба во институциите.

Ова го изјави денеска од Охрид претседателот Ѓорѓе Иванов во врска со протестите за процесот „Монструм“.

Иванов нагласи дека протести се дозволени секаде, меѓутоа насилството не е дозволено и не се толерира. Според него во државата постојат надлежни институции кои функционираат и преземаат се што е потребно за да се спречат појавите на било какво насилство.

Тој додаде дека нашиот сосед не смее да заборави што Македонија има направено за Косово за да ја остварат својата државност, коментирајќи го палењето на македонскот знаме во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.