6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Иванов: Да се сакаме меѓусебно, најмногу да си ја сакаме Македонија

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, заедно со својата сопруга Маја Иванова во неделата присуствуваа на литургија во Соборниот храм во Скопје.

По завршувањето, Иванов во кратка изјава за медиумите, ја честиташе Новата година, како и празникот Божик.

„На верниците им го честитам Божик со поздравот Христос се роди – Вистина се роди. Се што посакувам за себе и своето семејство, посакувам за сите. Многу здравје, среќа и успеси. Како што сме сплотени за празниците, такви да сме целата година. Најмногу да си ја сакаме Македонија, рече Иванов.