Иванов: Делата се погласни од нашите зборови

Видовте дека во овие изминати години дека делата се погласни од нашите зборови, рече кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов на митингот во Валандово.

„Сето она што е направено е видливо. Сето она што до сега се постигна, може секој да го забележи. Македонија ја направивме да биде економска силна и да биде развиена држава. Затоа и се спроведуваа реформи, се носеа закони. Затоа се правеа и автопатишта, патишта, индустриски зони. Затоа и се градат фабрики низ Македонија. Да биде успешна. Македонија да биде место каде што младите ќе најдат свое вработување, ќе создадат свое семејство и ќе остават свое потомство. Затоа пред се ни е битно да се отвораат нови работни места.насекаде низ Македонија. По тоа се мери успехот на секој политичар. Ќе не паметат по тоа колку нови работни места се отворени, додека сме ја имале вашата доверба“, рече Иванов.

PRM_3603

Иванов истакна дека Македонија е напредна земјоделска земја поради што се издвојуваат субвенции за земјоделието. Тој додава дкеа Македонија е земја во која се гради сигурна иднина и за младите.

„Затоа и толку многу се инвестира во образованието. Затоа има толку многу факултети и дисперзирани студии, секој да може да инвестира во себе, да може да се образува. Образованите луѓе се тие кои ја движат економијата, го движат прогресот и напредокот на една земја. Но Македонија е и земја на солидарноста. Затоа се изградија и се реновираа многу болници во овој период, социјални станови, се зголемија пензиите, се зголемија социјалните примања. Затоа постои разлика. Тоа го препознаа граѓаните. И затоа дадоа глас, за Тимот Македонија“, рече Иванов.

Иванов истакна дека граѓанит во неделата покажаа што вреднуваат и што за нив е најважно.

PRM_3628

„Битно е она што се остава зад себе. Затоа се гради во Македонија. За да идните поколенија за да живеат подостоинствен живот. Покажавме дека не бегаме од предизвици. Можеме да се соочиме со секој предизвик на Македонија. Има многу предизвици. Ќе ги има уште. Но, кога сме заедно, кога сме сплотени, кога сме посветени, тогаш можеме да ги совладаме сите предизвици на Република Македонија“, рече Иванов кој побара од граѓаните да излезат на гласање на 27-ми април.

„На 27-ми април вашиот глас одлучува, ма 27-ми април кажуваме каква е Македонија, и дали ќе има разлика. Она што до сега е постигнато да продолжи, или да имаме нешто друго. На 27-ми април, донесете вистинска одлука“, нагласи Иванов.