Иванов денеска ќе му го даде мандатот на Заев

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во 12 часот ќе му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, инфорираа од кабинетот на претседателот.

Согласно законот, рокот во кој Иванов требаше да му го даде мандатот на Заев истекува на 19 мај.

Претходно, утрово иницијативата За заедничка Македонија поднесе претставка до Уставен суд за испитување на уставноста на постапката за избор на Џафери за Претседател на Собранието.