Иванов денеска ќе го добие уверението за новиот мандат

Претседателот на Државната изборна комисија,  Никола Рилкоски, денеска ќе му го врачи уверението на Ѓорге Иванов, избран за претседател на Република Македонија.

Според конечните резултати на ДИК, на гласањето на вториот круг од претседателските избори што се одржа во неделата на 27 април,  Иванов го поддржаа 534.910 избирачи, додека неговиот противкандидат од СДСМ и коалицијата  Стево  Пендаровски освои 398.077 гласови.

На вториот круг од претседателските избори гласале 967.694 избирачи односно 54,38 отсто од вкупно 1.779.572 запишани во Избирачкиот список.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.