Иванов денеска на средба со Џорџо Наполитано

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Рим ќе има билатерална средба со неговиот италијански колега Џорџо Наполитано.

Иванов во Рим ја предводи македонската делегација, по повод 46. издание на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.

По средбата со Наполитано, шефот на македонската држава ќе го посети Италијанското здружение за меѓународни односи, каде ќе одржи предавање на тема „Од Виа Игнација до Виа Европа“.

Во рамки на активностите на македонската делегација во Рим, за денеска е предвидено потпишување протокол за соработка помеѓу правните факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот „Ла Сапиенца“.

Во Ватиканските музеи синоќа, во присуство на претседателот Иванов, беше отворена изложба „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век“, со што почна 46. издание на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ и беше одбележан 20-годишниот јубилеј од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Македонија и Ватикан.

Програмата на манифестацијата продолжува вечер со изведба на балетската претстава „14 часа“