Иванов денеска во поплавените подрачја во пелагонскиот регион

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска ги посети поплавените подрачја во Пелагонискиот регион и околу Црна Река.

Иванов го посети селото Тројкрсти каде што припадниците на АРМ, заедно со вработени од останатите јавни претпријатија поставуваа вреќи со песок, како заштит+а од ширење на поплавите по најавата за нови дождови.

Тој во оваа прилика го истакна ангажирањето на припадниците на АРМ и активностите кои заедно ги преземаат со јавните претпријатија, со цел да се санираат пробиените места од Црна Река, но и да се постават 10 илјади вреќи со песок, како заштита од нови дождови.

2

Котески, пак, истакна дека ангажирањето на припадниците на АРМ во изминатите денови во Штип, Струмица, Куманово и во пелагонискиот регион, особено по течението на Црна Река, каде АРМ го дава максимумот и е подготвена да ги вложи сите капацитети со цел да им се помогне на граѓаните и локалната самоуправа каде има загрозеност од поплави.

4

Генералот ја нагласи подготвеноста на АРМ за вклучување во евакуацијата на загрозеното население, укажувајќи на фактот дека во моментот на терен се вклучени 700 припадници на АРМ со потребна механизација. Тој додаде дека два тима од воздухопловната бригада на АРМ се подготвени за евакуација на населението, а Армијата веќе ги снабдува со гориво општините зафатени со поплавите.

АРМ е активно вклучена во асистенција и помош на органите на локалната самоуправа и останатите субјекти во справувањето со поплавите во сите подрачја на целата територија на Република Македонија, а се ангажира врз основа на координацијата и барањата од координативното тело за справување со поплавите. Денеска, само во пелагонискиот регион се ангажирани околу 300 припадници на АРМ, а на целата териоторија вкупно 700 припадници со потребна механизација, теренски моторни возила и потребни материјални средства и опрема.