Иванов додели златни инженерски прстени на 13 првенци

Најдобрите студенти дипломци на техничките факултети вчера добија  златни прстени од претседателот Ѓорге Иванов во предворјето на универзитетот „Св. Климент Охридски“ на Плаошник.

Со златен инженерски прстен се закитија 13 првенци, а ова признание се доделува 11-та година по ред.

„Научниците и инжинерите се вистинските двигатели на напредокот на секоја земја и на светото воопшто. Денес вам, најуспешните и најсповетените млади инженери сакам да ви порачам дека живееме во највозбудливото време на науката, техниката и технологијата. Време кога Република Македонија целосно и посветено се вклучува во глобалната трка на знаење, иновации и креации“, истакна Иванов.