Иванов домаќин на посетата на Туск

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во недела ќе биде домаќин на претстојната посета на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, а исходот од нивната средба ќе биде соопштен во изјави за медиумите, потврдуваат од кабинетот на Претседателот.

Причина за итната посета од страна на првиот човек на Европскиот совет, како што објави и самиот Доналд Туск на социјалната мрежа „твитер”,  е токму бегалската криза и напливот од мигранти во Европа.

Посетата на Туск следи непосредно по одлуката на одредени земји за ограничување на влезот на бегалците,  односно пропуштање само на беглаците од воените конфликти во Авганистан, Сирија и Ирак, а не и на економски мигранти од останатите земји од Блискот Исток и Африка.

Туск во Македонија, покрај со претседателот Иванов ќе оствари средба и со премиерот Груевски
Туск во Македонија, покрај со претседателот Иванов ќе оствари средба и со премиерот Груевски

Туск во Македонија, покрај со претседателот Иванов ќе оствари средба и со премиерот Груевски.  Претседателот на Европскиот совет пред посетата на Македонија ќе ги посети и Србија и Албанијa, каде ќе оствари средби со премиерите на двете држави,  кои исто така се главна рута на бегалците од воените конфликти.

Бегалската криза и заканите од тероризам, беа причината, минатата сабота претседателот Иванов да го свика Советот за безбедност.

На седница беше заклучено АРМ и Управувачкиот комитет да ги преземат сите потребни мерки доколку се промени ситуацијата на теренот. Односно во случај на можни ограничувања на протокот на мигранти во другите држави во Европа, кон кои тие се упатуваат, како крајна мерка да се преземе и поставување на жичена ограда на границата.

Претходно, Иванов изјави дека во Македонија нема да се градат бегалски кампови и дека земјата има капацитет привремено да згрижи 2.000 бегалци.