Иванов е должен да ги штити суверенитетот и унитарноста, во спротивно би бил повикан на одговорност

Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели мандатот за формирање Влада на новото парламентарно мнозинство се додека не се отстранат правните и политичките пречки, која одлука ја повтори и по средбата со претседавачот на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ, е исправна и тој морал да донесе таква одлука во спортивно би можел да би можел да биде повикан на кривична одговорност, коментираат аналитичари.

Велат дека претседателот не смее да си дозволи еднострано и парцијално читање и примена на Уставот, бидејќи тој има легитимитет од граѓаните на Македонија,кој го обврзува уште поодговорно да постапува во вакви кризни состојби кога суверенитетот и независноста се сериозно поткопани од внатрешни и надворешни политички играчи.

„Се додека тие правните и политичките пречки не бидат отстранети јас не можам да донесам одлука која што ќе биде оспорена. Ако биде оспорена една таква одлука, тогаш ќе биде отворено прашањето за моја одговорност. Затоа барам и инсистирам правната и политичката пречка да бидат отстранети, рече Иванов по средбата со претседавачот на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ.

Институционалната криза, додаде тогаш Иванов, ќе ја немавме доколку ја немаше платформата која од политичка криза не воведе во институционална криза.

„Јас го почитувам Уставот и праксата создадена во 1992 година. Тоа им го кажав и на сите претставници на партиите кога беа на консултации. Треба да се почитува тоа што е во Уставот и роковите предвидени во Уставот и преседанот направен во 1992 година. Надвор од тоа, која било донесена одлука доведува до прашање за моја одговорност. Јас сум под заклетва и ќе го почитувам она што е уставен поредок на Република Македонија“, потенцираше претседателот Иванов.

Во вакви сложени политички состојби во државата политичката и правната одговорност на претседателот Иванов, како што појаснуваат експертите по уставно право, е сериозно зголемена и повеќеслојна.

„За разлика од опозицијата која постојано ги релативизира надлежностите и позицијата на претседателот и повторува дека претседателот Иванов има само формална задача да го додели мандатот на парламентарното мнозинство и ништо повеќе од тоа, вистината е сосема поинаква. Уставната позиција на претседателот е далеку покомплексна и повеќедимензионална. За добрите познавачи на уставното право неспорно е дека претседателот е одговорен да работи во согласност со Уставот и законите во земјата, да го чува територијалниот интегритет и суверенитет на државата, да се грижи за зачувување на безбедноста на сите граѓани и да ја осигури независноста на државата преку недозволување странски држави и политичари директно да се мешаат во внатрешните работи на земјата“, вели во изјава за Нетпрес, универзитетската професорка Тања Каракамишева – Јовановска.

Таа додава дека Иванов има дадено заклетва пред Уставот на Република Македонија и дека секое непостапување во насока на заштита на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на земјата би претставувало кривично дело за тој би можел да биде повикан на кривична одговорност. Па оттука, според познавачите, одлукатата на Иванов да не го додели мандатот додека не се отстранат правните и политичките пречки, е единствената што тој можел да ја донесе.

„Претседателот на Републиката ја застапува и ја претставува државата дома и во странство така што секое непостапување во насока на заштита на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на земјата би претставувало кривично дело за кое Иванов би можел да биде повикан на кривична одговорност. Тежината на неговата одговорност е засилена и со дадената заклетва пред Уставот на РМ со што тој се обврза да ги почитува сите членови на Уставот, а не како што бара опозицијата само член 90 на начинот како што тоа го посакува опозицијата. Претседателот не смее да си дозволи еднострано и парцијално читање и примена на Уставот, затоа што за разлика од Шеќеринска, Шилегов, Заев или некој друг опозициски политичар, Иванов има легитимитет од граѓаните на РМ кој легитимитет го обврзува уште поодговорно да постапува во вакви кризни состојби кога суверенитетот и независноста се сериозно поткопани од внатрешни и надворешни политички играчи, потенцира Каракамишева-Јовановска.

Според престдеатлот Иванов, платформата која што се појави после парламентарните избори Македонија е причината поради која не може да се избере претседател на Парламентот, ниту пак да почне процесот за создавање на влада. Тој потенцираше дека ваквата постизборна платформа ја доведува земјата во позиција на потчинетост и на зависност од друга држава, а со тоа се загрозува сувенеритетот, самостојноста и унитарноста на државата.