Иванов на генералната конференција на УНЕСКО во Париз

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на лидерскиот форум во рамки на 38. сесија на генералната конференција на УНЕСКО.

Како што соопшти неговиот кабинет, Иванов ќе се обрати на пленарната сесија на отворањето на лидерскиот форум, на тема „70 години УНЕСКО – мир и одржлив развој во сложен свет“.

Македонскиот претседател ќе присуствува и на свечената церемонија по повод 70 годишниот јубилеј од формирањето на УНЕСКО.

Во рамки на учеството на 38. сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО, предвидена е средба на претседателот Иванов со генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, како и средби со дел од присутните лидери, учесници на форумот.

За време на работната посета на Француската Република, претседателот Иванов ќе ја посети Македонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ во Париз. Тој ќе се сретне и со истакнати бизнисмени – претставници на Клубот Македонија 2025 – Франција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.