Иванов ги поништи помилувањата за политичарите

Иванов ги поништи помилувањата за политичарите. Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во своето обраќање пред јавноста најави дека поништува дел од одлуките за помилување.

Како што рече, ќе бидат поништени одлуките за помилување на политички инволвираните личности, односно за  вкупно 22 лица, сите други ќе треба да поднесат барање согласно законските измени на Законот за помилување.

Во моментов во Собранието е почната постапката за Импичмент на претседателот Иванов, која беше иницирана од пратеничката група на СДСМ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коиалицијата денеска излегоа со став дека ќе гласаат против предлогот за Импичмент затоа што според нив претседателот Иванов со своите одлуки го нема прекршено Уставот на Република Македонија иако лично паријата на власт не се согласува со одлуката за аболиција.