Иванов ги посети поплавените делови во Демир Хисар

Претседателот Ѓорѓе Иванов придружуван од началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија Горанчо Котевски и министерот Иво Иванов, го посетија Демир Хисар. На кратката обиколка на најзагрозените делови од населбата Мургашево, Иванов беше пречекан од градоначалникот Љупчо Блажевски, претседателот на Советот Јосиф Ристевски и пратеничката Соња Талевска. Тие накусо го информираа претседателот за големината на опасноста од надојдените води на Стара Река која што последен пат е видена со ваков поплавувачки водостој во далечната 1962ра година, како и за мерките што ги презеде локалната самоуправа за ублажување на последиците.

Иванов беше информиран и за последиците од невремето во другите населени места и активирањето на свлечиштето во Смилево.

Вчера и денеска постојано се работи на расчистување, проширување и длабочење на речното корито на Стара Река над мостот во Мургашево каде што е ангажирана градежна механизација и се смета дека може да биде една од причините за предизвикување на поплавите.

6 (2)