Иванов ги посети војниците во Велес

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на АРМ, Ѓорге Иванов придружуван од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денеска ги посети и им ја честита Новата 2014 година на припадниците на АРМ во Командата за обука при велешкиот гарнизон „Алексо Демниевски-Бауман“.

По обиколката на свечената гарда на АРМ, претседателот Иванов се сретна и со претставниците на локалната власт и градоначалникот Славчо Чадиев.

Претседателот  Иванов на сите припадници на АРМ им искажаа огромна благодарност за сето она што го прават за Република Македонија извршувајќи ги професионално своите обврски.

Како и секоја година и оваа посакуваме да ги оствариме нашите стратешки цели, Република Македонија да стане членка на НАТО, потенцира Иванов.

Заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Котески, претседателот Иванов во војничката менза на велешкиот гарнизон имаа заеднички ручек со припадниците на Командата за обука и локалната власт. Притоа, командантот на Командата за обука,полковник Љупчо Костовски со слајд проекција и предавање му ги презентира активностите на припадниците на АРМ од Командата за обука на АРМ во Велес.