Македонија

Иванов ги прими акредитивните писма на амбасадорите на Турција и Шпанија

Иванов ги прими акредитивните писма на амбасадорите на Турција и Шпанија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Турција и на Кралството Шпанија за Република Македонија.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Н.Е. г. Омур Шолендил, беше изразено задоволство за одличните билатерални односи помеѓу Република Македонија и Република Турција кои се се на ниво на стратешко партнерство, и подготвеност за натамошно интензивирање и продлабочување на соработката во економијата, туризмот, културата, образованието и во други области од взаемен интерес.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија, Н.Е. г. Рамон Абароа Каранс, беше изразено задоволство од пријателските македонско–шпански односи кои оваа година прослуваат јубилеј – 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи, како и очекување за интензивирање на политичкиот дијалог, и продлабочување на соработката во сферата на економијата, образованието и науката.