Македонија

Иванов ги прими уметниците што ќе го отворат „Охридско лето”

Иванов ги прими уметниците што ќе го отворат „Охридско лето”

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана” во Охрид ги прими оперската ѕвезда од Латвија Елина Гаранча, светски познат мецосопран и австрискиот диригент, маестро Ион Марин,  со чијшто настап утревечер, свечено ќе биде отворено годинешното 56. издание на фестивалот „Охридско лето”.

На средбата на којашто присуствуваа и организаторите на фестивалот, претседателот Иванов им‎ посака добредојде на уметниците во Македонија и изрази очекување дека нивната сценска изведба ќе остави особен белег на годинешниот фестивал „Охридско лето”.

ucesnici_ohridsko_leto (12)

Oрганизаторите на фестивалот го информираа претседателот Иванов за програмата и настаните на‎ годинешното издание на „Охридско лето”, подвлекувајќи дека Македонија и Охрид годинава ќе бидат домаќини на околу 800 уметници, изведувачи и автори од 18 земји во светот.

Македонскиот претседател истакна дека‎ фестивалот се вбројува во низата најуспешни настани во Република Македонија, кој овозможува презентирање на најзначајните светски културни достигнувања пред македонската публика, истовремено промовирајќи ја македонската уметност, култура и традиција во светот.

ucesnici_ohridsko_leto (5)

Манифестацијата „Охридско лето”  традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија.  На утрешното отворање на 56. издание на фестивалот, оперската певица Елина Гаранча и маестро Ион Марин, ќе настапат во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет.