Иванов: Го менуваме животот во Македонија на подобро

_6096За мене и за владиниот тим предводен од премиерот Груевски нема запирање или одморање. Темпото на работа е интензивно. Така сме работеле и така ќе работиме за да создадеме подобри услови за сите граѓаните на Република Македонија, истакна кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов на митингот во Крушево.

„Со секоја остварена средба, со секоја донесена инвестиција, со секое ново работно место, со секој изграден пат, училиште, спортска сала, го менуваме животот во Македонија. Го менуваме на подобро за граѓаните, за младите и старите, за вработените и пензионерите, за земјоделците, професорите, учениците, студентите. Нема група која не почуствувала промена во изминативе години. Секаде нешто се менува, се гради и се прави. Пораснаа платите и пензиите иако беше голема светска економска и европска должничка криза. Ќе продолжат и понатаму да растат! И платите и пензиите и ступендиите и субвенциите. Ќе продолжат да растат бидејќи економијата расте“, рече Иванов.

Иванов пред крушевчани се обврза дека доколку ја добие довербата ќе продолжи со истиот интензитет, со многу работа и борба.

„За секој еден наш граѓанин, за секое едно семејство, наспроти секој предизвик. Да ја промениме состојбата во секое населено место. Секој во Македонија да почуствува дека нешто се менува. Така се гради доверба меѓу државата и граѓанинот. Граѓани кои имаат доверба во државата. Држава која има доверба во секој граѓанин. Таа доверба се темели на одговорноста“, рече Иванов повикувајќи ги граѓаните на 27-ми април да излезат и да гласаат.

_6177