Македонија,Политика

Иванов: Го отворивме патот за странските инвестиции

Иванов: Го отворивме патот за странските инвестиции

Поддржан од „Коалицијата за подобра Македонија“ и од својот тим претседателски кандидат Ѓорге Иванов вечерва ги потсети кочанци за остварените дела во предходниот мандат.

„Заедно со Владата покажавме како тимски се работи за Македонија. Покажавме како заедно со премиерот Груевски, со министрите, си сите луѓе од Македонија, на кои вие сте им ја дале довербата, како сме посветени за Македонија, како работиме за Македонија. Резултатите се видливи. Во последниве години во Македонија се отворени 120.000 работни места, во време кога Европа се уште се соочува со голема економска криза. Во такви услови до крајот на годината се предвидени уште 10 илјади нови работни места“, рече тој додавајќи дека поради тоа со чист образ и високо подигната глава, повторно повторно ја бараат доверба за нов мандат од  нив.

Од посветеноста кон Македонија видливи се резултатите тука во Кочани, им рече тој.

„Американската компанија „АМФЕНОЛ“ ќе инвестира во Кочани и до 2018 година ќе отвори 1500 нови работни места. Холандската компанија „АНТУРА“ веќе донесе одлука да инвестира во Кочани. Ќе бидат вработени 300 лица. Австриската текстилна компанија „ТЕКСПОРТ“ веќе отвори фабрика во Кочани. „Џонсон контролс“ продолжува со инвестициите. Во нејзината втора фабрика ќе се отворат нови 1450 работни места“, појасни Иванов за сите странски инвестиции.

Тој нагласи дека ова се  конкретни резултати на политиката на создавање поволна бизнис-клима во Македонија.