Иванов го потпиша ребалансот на Буџетот

Претседателот на Република Македониј,а Ѓоргe Иванов вчера, во рамки на законскиот рок, го потпиша ребалансот на Буџетот, потврдија за МИА од Кабинетот на претседателот.

Ребалансот на буџетот беше изгласан од Собранието на Република Македонија пред седум дена.

По потпишувањето, ребалансот на буџетот е пратен во собраниските служби, по што следува објавувањето во „Службен весник“ и стапување во сила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.