недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 21

Иванов го прими босанскиот министер за безбедност Мектиќ

mektik

Последни вести

Можностите за продлабочување на билатералната соработка во сферата на безбедноста, бегалската и мигрантската криза, како и безбедносните предизвици со кои се соочува регионот, беа во фокусот на разговорите на денешната средба на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов и Мектиќ изразиле целосна подготвеност за тесна соработка во борбата против терористичките закани и борбата против сите форми на организирани криминални активности.

Посочувајќи дека странските борци ја користат балканската бегалска рута, претседателот Иванов и министерот Мектиќ, укажале на потребата од поинтензивна регионална соработка и воспоставување подобра комуникација и координација меѓубезбедносните служби во регионот.

 – На средбата беа разменети мислења и за соработката, размена на искуства и заеднички настап пред меѓународните организации, со цел имплементација на мерките за де-радикализација и контра-радикализација, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов.

Најчитани вести