Македонија

Иванов – Гутереш: Македонија и Србија клучни во менџирање на мигрантската криза

Иванов – Гутереш: Македонија и Србија клучни во менџирање на мигрантската криза

Македонија и Србија се клучни во менџирање на мигрантската криза и Организацијата за бегалци на ОН (УНХЦР) настојува Брисел да овозможи поголема помош за овие две држави.

Ова, меѓу другото, го истакнал високиот комесар за бегалци на ОН,  Антонио Гутереш на средбата со претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов во Женева.

На средбата, како што информираше Кабинетот на претседателот, Иванов укажал на моменталните состојби со кои се соочува Македонија во врска со мигрантската криза. Во тој контекст македонскиот претседател ги посочил мерките и активностите што се преземаат при влез, транзитирање и излез на мигрантите во регионите зафатени со кризната состојба.

Иванов: Кризата укажува дека Регионот треба да биде интегриран во ЕУ

Кризата, како што рекол Иванов, укажува дека Република Македонија‎ и земјите од регионот треба да бидат интегрирани во сите структури на ЕУ, но и да ги разменуваат информациите и да имаат пристап до датабазите на ЕУ, НАТО, Шенген и Фронтекс. На државата, посочил претседателот, и е потребна и помош, техничка, кадровска,  но пред се финансиска, поради тоа што имаме ограничени капацитети за да пружиме помош и згрижување. Сите активности сеуште се финансираат од државниот буџет со минимална доделена помош од страна на ЕУ.

Иванов: Кризата укажува дека Регионот треба да биде интегриран во ЕУ
Иванов: Кризата укажува дека Регионот треба да биде интегриран во ЕУ

Мигрантската криза не може да се реши со бирократски одлуки, туку со секојдневно менаџирање на теренот, рече претседателот Иванов, додавајќи дека Република Македонија ги следи и ќе ги следи сите мерки и активности што ги преземаат членките на ЕУ и нашите активности содејствуваат со нивните активности.

Претседателот Иванов ја посочил и потребата од опрема за регистарација на мигрантите и надзор на државната граница, како и потребната соработка и комуникација во воспоставување на мрежа на размена на податоци.

Гутереш: Брисел да додели поголема помош на Македонија и Србија

Високиот комесар за бегалци истакнал дека УНХЦР ќе настојува и ќе вложи напори Брисел да додели поголема помош на Македонија и Србија за менаџирање и справување со мигрантската криза. Тој ги поздравил напорите што државата ги вложува за справување со кризата, посочил дека организацијата ги следи сите активности на домашните институции и де‎ка УНХЦР и стои целосно на располагање на Македонија, како за непосредна помош, така и за лобирање пред ЕУ и другите регионални и глобални институции.

Гутереш: Брисел да додели поголема помош на Македонија и Србија
Гутереш: Брисел да додели поголема помош на Македонија и Србија

Високиот претставник, информираат од Кабинетот на Иванов, се согласи со македонскиот претседател дека Македонија мора да учествува во секоја фаза од изготвувањето и имплементацијата на заедничкиот европски одговор за мигрантската криза.

Иванов и Гутереш сметаат дека е потребна поголема солидарност и споделување на одговорност меѓу државите во врска со овој предизвик, и оти тие мора да се покажат уште веднаш меѓу државите од ЕУ и Западен Балкан.

Претседателот Иванов на денешната сесија на форумот Кран Монтана во Женева посветена на мигрантската криза ќе зборува на тема „Западниот Балкан како нова рута на мигрантите кон Западот, а ќе има средба и со високиот комесар за човекови права на ОН во Женева Зеид Ра’ад Ал Хусеин.