Иванов и Црвенковски не го следеа говорот на Могерини

Претседателот Ѓорге Иванов и неговиот претходник Бранко Црвенковки иако беа поканети, не се појавија во Собранието да го проследат обраќањето на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини.

Нејзиното обраќање покрај пратениците, од првиот ред го проследија премиерот Зоран Заев, претставници од судската власт, како претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и првиот човек на Судскиот совет Зоран Караџовски, претставници на верските заедници (МПЦ-ОА, Католичката црква, ИВЗ, Еврејската заедница

Могерини беше придружувана од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

Го галеријата на Собранието беа присутни претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Седница ја водеше потпретседателот на Собранието Горан Мисовски бидејќи претседателот Талат Џафери е во посета на Турција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.