Иванов и неговиот тим со автобус ќе ја обиколуваат Македонија

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов, ја започна изборната кампања низ градовите на Македонија, заедно со својот тим во автобус.

Ова значи напуштање на досегашната пракса присутна кај сите останати кандидати со автомобили да се превезуваат на митинзите.

Замислата, како што дознава порталот „Курир“, е изборниот караван собран во едно превозно средство да ја обиколи државата за време на изборната кампања.

Доктори, директори, спортисти, студенти, пензионери, музичари се дел од „Тим Македонија“ за поддршка на Иванов.

Во него членуваат фолклорниот уметник Наум Петревски, каратистот Дејан Недев, актерот Рубенс Муратовски, пејачот Мики Јовановски-Џафер, специјалист д-р Борче Ѓоргиевски, доктор Аспазија Стефановска, пензионерката Љупка Ципушевска, стоте успешни студенти од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Шиколе, Татјана Баевска Вучковиќ, Далибор Јовановски, Душко Богдановски, Југе Трпевски, , Рамиз Дураковиќ, Денко Скаловски, Ана Пејковска и многу други.

„Тим Македонија“ ќе работи на промоцијата и поддршката на Иванов, зад кого веќе застанаа многумина јавни личности, но и поголем дел од народот. Се создаде голем фронт за поддршка на досегашниот претседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.