Иванов и сопругата Маја се сретнаа со Даниел Кајмакоски

Претседателот Ѓорѓе Иванов, денеска оствари неформална средба со македонската и балканска ѕвезда Даниел Кајмакоски.

На неофицијалната средба присуствуваше и сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова.

Во своето излагање во Струга, кога Иванов ја бараше поддршката од граѓаните за втор мандат, го поздрави новиот македонски амбасадор на македонската музика, Даниел Кајмакоски.

-Струга е град на поезијата, во кој доаѓаат поети од цел свет. Сега од Струга еден стружанец со песна ќе го освојува светот. Новиот музички херој на Македонија и Балканот е нашиот Данијел Кајмакоски, посочи тогаш Иванов.