Иванов: Имам јасен став за кој знам дека имам поддршка од граѓаните

Претставувајќи ја својата програма во рамките на претседателската кампања, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, докажаниот претседател, Ѓорге Иванов, денеска го посети Кратово каде истакна дека тој е и ќе биде претседател кој го слуша својот народ и му служи на својот народ.

„Заедно со Владата водевме надворешна политика заснована врз принципи. Отвореност, дијалог и соработка. Најголем дел од времето посветивме на прашањето за разликата околу името, што нби го оставија во наследтсво. Имам јасен став за кој знам дека имам поддршка од граѓаните за тој став. Не прифатив и нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот“, рече тој во своето обраќање пред големата толпа поддржувачи, потенцирајќи дека македонските граѓани сами ќе одлучуваат за своите клучни национални прашања.

„ Јас сум претседател кој го слуша својот народ и му служи на својот народ“, нагласи Иванов