Македонија

Иванов- Ишлер: Продолжува нагорниот тренд на успешни билатерални односи меѓу Македонија и Турција

Иванов- Ишлер: Продолжува нагорниот тренд на успешни билатерални односи меѓу Македонија и Турција

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во Дојран оствари средба со заменик претседателот на Владата на Турција, Емрула Ишлер.

Соговорниците констатираа дека продолжува нагорниот тренд на успешни билатерални односи меѓу двете земји.

На средбата, на која присуствуваше и претседателот на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА, Сердар Чам, претседателот Иванов и заменик претседателот на турската влада Ишлер, разменија мислење околу севкупната соработка меѓу Македонија и Турција.

Во однос на економската соработка, претседателот Иванов ги реафирмираше очекувањата за нејзино интензивирање.

Во контекст на интеграцијата на Македонија во Европската унија, претседателот Иванов посочи дека отворањето на пристапните преговори со ЕУ останува примарна цел за земјата. Истовремено, претседателот Иванов изрази очекување да продолжи поддршката Турција за влез на Македонија во НАТО.

На средбата претседателот Иванов и вицепремиерот Ишлер разговараа за соработката меѓу двете земји и во останатите општествени сфери.