Иванов: Изборот на Талат Џафери беше несреќен избор

Тоа е провокација, му беше толку наивно објаснувањето што не држи вода, дома тој може да си го држи знамето, неговата канцеларија има приватен дел и таму може да го држи знамето, меѓутоа тој ја претставува државата и симболите на државата се едни кои укажуваат на унитарноста на државата, истакна Ѓорге Иванов претседателот на Република Македонија во отвореното студио на Тв Нова.

-Изборот на Талат Џафери можам да кажам дека беше несреќен избор, но тоа што е објавено во службен весник морам да го почитувам, граѓанската иницијатива тоа што го покрена тоа е легитимно право на секој па да ги оставиме институциите како тие ќе го оценат тоа, вели Иванов.

Тој посочи дека ДУИ има многу поквалитетни кадри од Талат Џафери, кој провоцира и ќе  продолжи со провокациите.

Тој откри дека дури и првото писмо што го упатил кон него содржело провокации, па бил принуден да му го врати за да упати до Џафери порака дека е втор човек во државата и треба да се однесува така.

„Со самиот избор да биде претседател на Собрание му следува обврска, а тоа е да го почитува Уставот. Се надевам дека неговиот хир наскоро ќе заврши и ќе се соочи со реалноста дека треба да биде претседател на Собранието, институција преку која народот зборува“, рече Иванов кој го оцени како провокација и поставувањето на албанското знаме во кабинетот на Џафери, првиот работен ден.

Сепак, Иванов вели дека нештата треба да одат согласно законите, па остава институциите да го оценат легитимитетот на изборот.