Иванов ја прекинува посетата на Русија, ќе свика Совет за безбедност

Претседателот Ѓорге Иванов ја прекинува својата работна посета на Руската Федерација и се враќа во земјата, информираат од неговиот Кабинет за ТВ „Сител“.

Оттаму најавуваат дека ќе биде свикан и Советот за безбедност, по последните случувања во Куманово.

За актуелната состојба во Македонија, Иванов утрово ги информирал генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун и претседателот на Русија, Владимир Путин.