недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 17

Иванов: Јас не бранам криминалци, јас ги штитам интересите на државата

Потребно ни е национално помирување, вели претседателот Ѓорге Иванов, во разговор за германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг", коментирајќи ја неговата одлука за помилување од 12-ти април.

ivanov-turcija

Поврзани вести

Потребно ни е национално помирување, вели претседателот Ѓорге Иванов, во разговор за германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг”, коментирајќи ја неговата одлука за помилување од 12-ти април.

Иванов одговара дека, ако е потребно, уште еднаш би ја донел истата одлука.

Јас не бранам криминалци, јас ги штитам интересите на државата, вели претседателот Иванов за германскиот весник.

FAZ-printscreen

Разговорот со него води длабоко во сржта на поделбата на македонското општество, која се провлекува низ семејства, пријателства и соседства, и во историјата на Македонците, под влијание на насилство и теории на заговор, чиј идентитет од соседите на север, југ и исток одново и одново се става под знак прашалник, се вели во анализата под наслов „Македонија – Сто години борба за идентитет”.

Сегашната криза, објаснува претседателот Иванов, не е ништо друго туку само едно поглавје во историја на поделби која трае веќе повеќе од сто години.

Ние сме заробеници на менталитетот на нашите политичари, време е за нови лица, дециден е Иванов.

И како што некогаш биле набуцкувани борбите во крилата на ВМРО од соседите, така денешниот македонско-македонски конфликт бил дело на надворешни сили. Македонија сака да стане членка на ЕУ и на НАТО – ова е едно од малкуте прашања, за кои вон сите политички и етнички јазови, владее единство, анализира германскиот весник.

Истовремено, весникот посочува и на проблемот за името со Грција.

Југославија е веќе долго време мртва, само ние сеуште ја носиме во името”, вели Претседателот Иванов. „Тоа е некрофилско име”, го пренесува германскиот весник ставот на македонскиот претседател.

Поради спорот за името, пренесува Фракфуртер алгемајне  цајтунг, Грција го спречува влезот на Македонија во НАТО и отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ – иако Европската комисија секоја година веќе седум години по ред го препорачува отпочнувањето на пристапните преговори.

Ова е вистинската причина за фрустрацијата на младата генерација, вели Иванов.

Ако прашате за можни излези од кризата, на сите страни ќе добиете два можни одговори: во подобриот случај тоа е беспомошност, како решение се гледа само поразот на спротивната страна, заклучува гермснкиот весник во својата анализа.

Најчитани вести