Иванов ќе му го врачи мандатот за состав на Влада на Груевски

гласови

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која ја предводи на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември освои најмногу гласови од граѓаните.

Деветтиот македонски парламентарен состав, кој има 120 народни избраници, се конституираше на 30 декември минатата година. Најмногу пратеници има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 51. Коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса – 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА – 2. Во овој парламентарен состав нема народни избраници од дијаспората поради недоволен број освоени гласови.