ТОП,Македонија

Иванов: Ќе постапувам согласно Уставот и во интерес на државата и граѓаните

Иванов: Ќе постапувам согласно Уставот и во интерес на државата и граѓаните

На средбата Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија.

Претседателот Иванов посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и ќе постапува исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.