Македонија

Иванов ќе прими акредитиви од новоименуваните амбасадори

Иванов ќе прими акредитиви од новоименуваните амбасадори

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе прими акредитивни писма од новоименуваните амбасадори на Бразил, Ангола, Гана и Того во Македонија.

Акредитиви ќе предадат амбасадорите Ана Марија Сампајо Фернандеш, на Бразил со седиште во Софија,  Жозе Жоао Мануел на Ангола со седиште во Белград, Сабах Зита Окаикои на Гана со седиште во Прага, и Квами Кристоф Дикену, амбасадор на Того со седиште во Берлин.