Македонија

Иванов ќе се обрати на Форумот на млади лидери во Полска

Иванов ќе се обрати на Форумот на млади лидери во Полска
Иванов ќе се обрати на Форумот на млади лидери во Полска
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе учествува на Форумот на млади лидери на сесијата „Лидери на утрешнината-Какви лидери и се потребни на Европа во 21 век“ во Нови Саџ, Полска.
Во рамки на дводневната работна посета на Полска, Иванов вчера имаше билатерална средба со полскиот колега Анджеј Дуда, на која стана збор за билатералните односи меѓу двете земји, за соработката во сферата на одбраната и безбедноста, за економската и образовната соработка, како и за претстојниот Самит на НАТО во 2016 година во Полска, во контекст на можностите за деблокирање на членството на Македонија, како и за состојбите во ЈИЕ и мигрантската криза.
По повод Денот на независноста на Република Македонија, синоќа во Круница Здруј беше организирана Македонска вечер на која беа презентирани можностите за инвестирање во Македонија.