Иванов ќе се сретне со италијанскиот претседател Матарела

Во рамки на работната посета на Италија, претседателот Ѓорѓе Иванов денес во Рим ќе има средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Во текот на вчерашниот ден, Иванов присуствуваше на церемонијата на поставување плоча во чест на Свети Кирил и Методиј во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, каде заедно со кардиналот Сантос Абрил и Кастиљо имаа пригодни обраќања.

Во рамки на официјалната посета на Државата Ватикан, претседателот Иванов имаше аудиенција кај папата Франциск, како и средба со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин.