Македонија

Иванов ќе ги прими уметниците кои ќе го отворат Охридско лето

Иванов ќе ги прими уметниците кои ќе го отворат Охридско лето

Претседателот Ѓорге Иванов, утре во Вила Билјана во Охрид, ќе ги прими организаторите на фестивалот „Охридско лето“ и уметниците коишто ќе настапат на свеченото отворање на фестивалот, Барбара Фритоли, сопран од Италија, Лео Нучи баритон од Италија и аргентинскиот диригент г.Луис Горелик.

Годинешново 54-то издание на културната манифестација „Охридско лето“, коja се одржува под покровителство на претседалот Иванов, ќе се отвори на 12 јули, сабота, со гала концерт посветен на Џузепе Верди на кој ќе настапат Македонската Филхармонија под диригентство на Луис Горелик, како и г-ѓа Барбара Фритоли и г. Лео Нучи.