Иванов ќе го додели признанието „Најдобар млад научник“

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе го додели признанието „Најдобар млад научник” за 2014 година за врвни научни достигнувања.

Признанието се доделува петта година со цел да се поттикне развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст.

Носител на признанието „Најдобар млад научник” за 2013 година беше Петар Стојанов за истражувачка работа во биоинформатиката, а во 2012 Катерина Бачева за истражувачка работа во аналитичката хемија и хемија на животната средина. За најдобар млад научник за 2011 година беше избран Трифче Сандев за истражувачка работа во полето на физиката и математичката физика, додека носител на признанието за 2010 година беше Никола Златанов за истражувачка работа во полето набезжичните телекомуникации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.