Иванов ќе го прими хрватскиот министер за одбрана Котромановиќ

Претседателот  Ѓорге Иванов денеска ќе го прими министерот за одбрана на Република Хрватска Анте Котромановиќ.

Хрватскиот министер за одбрана, кој од вчера престојува во посета на Македонија,  се сретна со својот македонски колега Зоран Јолевски.

Министерот Котромановиќ ги посети и Центарот за обука на пилоти и Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“.