Иванов ќе оствари средба со амбасадорот Бејли и евроамбасадорот Орав

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ги прими Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави, Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија, Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ, капетан Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Република Турција, Омур Шолендил, како НАТО контакт амбасадор.