Иванов ќе прими акредитиви на новоименувани амбасадори

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе прими акредитивни писма на новоименуваните амбасадори на Канада, на Република Намибија и на Екваторијална Гвинеја.

Новоименуван канадски амбасадор во Македонија со седиште во Белград е Филип Пинингтон, на Намибија со седиште во Виена, Симон Мадјумо, а на Екваторијална Гвинејасо седиште во Рим, Сесилиа Обоно Ндонг.