Иванов: Ќе продолжиме да инвестираме во индустиријата и земјоделството

На голем митинг вечерва во Кочани претседателскиот кандидат на владејачката партија, Ѓорге Иванов, со, како потенцираше, чист образ дојде по втор пат да ја побара нивната доверба.

Тој им вети на граѓаните дека заедно со Владата ќе работат на зајакнување на индустријата и земјоделството.

„Во секоја држава, во секој град, па и во Кочани, индустријата и земјоделството зависат од три нешта:работливи луѓе кои произведуваат,nбрзи и безбедни патишта за транспорт на производите и евтина енергија за поголема исплатливост на производството. Работливи луѓе имаме. И самиот потекнувам од земјоделски крај и знам што значи да се живее од обработување на земјата“, им рече тој на кочанци.

На изградба и на реконструкција на патиштата се работи, рече тој, додавајќи дека  ќе се обнови и ќе се прошири патот Штип – Кочани и магистралниот пат Кочани – Виница – Делчево.

„Целата енергија ја вложуваме во создавање услови за нови работни места за граѓаните. И во индустријата, но и во земјоделството. Во Кочани досега се исплатени околу 530 милиони денари субвенции. Ќе се продолжи со инвестирањето во земјоделството, бидејќи сакаме Македонија да биде напредна земјоделски земја“, рече Иванов.