Иванов: Кога се работи тимски се постигнуваат резултати

Кога се работи тимски се постигнуваат резултати и доаѓаат признанија, порача денеска Ѓорге Иванов на митингот во Неготино.  

„Работевме сложно и единствено. И затоа ја добиваме довербата. Имаме еден глас кога ја претставувавме државата, а не како порано, секоја институција да има свој став и свое гледање. Покажавме дека кога се работи тимски се постигнуваат резултати и доаѓаат признанија. Граѓаните за овие изминати години добро можат да направат разлика. Кој ја почитува, кој ја сака државата, а кој мисли само на себе. И затоа мотото на мојата кампања е „дека државата ни е пред се, Македонија ни е пред се“. Затоа кампањата на кандидатите за пратеници е „дека има разлика“. Самите вие ја гледате разликата“, рече Иванов.

За овие години, како што рече тој, можевте да видите како се создава новиот лик на Македонија.

„Нови автопатишта, нови пруги, нови фабрики, нови факултети. Е тоа е новото лице на Македонија. Кога се работи посветено, со љубов, за својата држава. И граѓаните знаат тоа да го почитуваат и на избори да го наградуваат. Ви благодариме за досегашната доверба. Очекуваме на следните избори истата да ни се повтори, да ја добиеме вашата доверба, за да работиме за интересите на сите граѓани на Република Македонија“, додаде на крајот претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.