ТОП,Македонија

Иванов на Лидерски состанок посветен на приливот на бегалци

Иванов на Лидерски состанок посветен на приливот на бегалци

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Брисел, на покана на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер ќе учествува на Лидерскиот состанок посветен на приливот на бегалци низ балканската рута.

Целта на состанокот е усвојување на заеднички оперативни заклучоци поврзани со приливот на бегалци.

Иванов на Лидерски состанок посветен на приливот на бегалци
Иванов на Лидерски состанок посветен на приливот на бегалци

Покрај македонскиот претседател, на лидерскиот состанок се поканети шефовите на држави или влади на Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Романија, Австрија и Германија. Најавено е учество и на претседателот на Европскиот совет, актуелниот претседавач со Советот на ЕУ – Луксембург, како и Високиот комесар за бегалци на ООН.