вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

Иванов: Македонија сака отворени и искрени односи со сите соседи

Македонија сака со сите соседи, вклучително и Бугарија, да има отворени и искрени односи на добрососедство и пријателство, порачува претседателот Ѓорге Иванов во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС, пренесува МИА.

ivanov

Поврзани вести

Македонија сака со сите соседи, вклучително и Бугарија, да има отворени и искрени односи на добрососедство и пријателство, порачува претседателот Ѓорге Иванов во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС, пренесува МИА.

Во интервјуто, посветено на мигрантската криза, македонскиот претседател порачува дека државите, преку меѓусебна соработка, мора да се прилагодат на заканите што ги носи динамичниот свет во кој живееме.

Ние во државите како да сме застанати во 20 век и робуваме на бирократски процедури, на протоколи, договори. Едноставно мора да сфатиме дека живееме во 21 век, кога младите луѓе немаат време да чекаат по граници, немаат време да чекаат дозволи. Сакаат да го живеат животот како што доликува на луѓе од 21 век. Посакувам Бугарија да биде најголемиот поддржувач на Македонија, што се вели да ја прегрне Македонија. Ние барем немаме јазична бариера. Имаме многу отворени прашања од минатото, но не можеме да ја смениме историјата. Не можеме да ја смениме ни географијата. Ќе останеме вечно соседи. Ние сме реалност. Веќе 25 години сме независна држава. Сакаме со сите соседи да имаме отворени  и искрени односи на добрососедство, пријателство и се што доликува, вели претседателот Иванов во интервјуто за БГНЕС.

Посочи и на редовната комуникација со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и бугарскиот премиер Бојко Борисов, во контекст на мигранската криза.

На премиерот Борисов му предложив нашите министри со вашите министри, значи и полицијата и армијата заедно да направат заедничка контрола на границата од Кулата, преку Беласица до Кожуф да го видат тој терен и да направиме показна вежба. Да видат од другата страна дека ние сме организирани држави и си ги чуваме своите граници. Можеме да имаме отворени прашања за се, но кога постои ваква криза таа треба да биде приоритет, за да постои соработка меѓу надлежните институции, изјави претседателот Иванов.

Македонија, вели Иванов, меѓу првите прати армија на границата и го активираше кризниот менаџмент во справувањето со мигрантската криза.

Видовме дека европскиот концепт на интегрирано гранично управување не може да се справи со ова. Овој пример го следеа и другите земји. Видоа дека мора да се чува границата, дека треба да се постави препрека, дали е тоа жица, термални  камери, сензори, да се контролира, токму поради овој наплив на илегален бизнис. Тоа, на некој начин, засега се забави, но мораме да продолжиме, затоа што во текот на целиот наш живот ќе бидеме изложени на овие мигрантски бранови. Тие нема да застанат. Цела Африка се подигната, Централна Азија, исто така. Сите сакаат да дојдат во Европа, бидејќи Европа е супер сила во животен стил, вели претседателот Иванов за БГНЕС.

Најчитани вести